Осуден на затвор од 3 години за убиство спроведен во затвор

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, вчера, во 16.45 часот во с.Семениште, Општина Сарај, го лишиле од слобода М.А.(67) од с.Семениште. Тој бил осуден на казна затвор од 3 години за убиство по член 123, соопшти МВР. 

М.А. бил баран по Централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело по член 123 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

Безбедноста, енергијата и миграцијата се три приоритети со најголема важност за британските граѓани, така што тие се на и на самиот врв на мојата агенда. Затоа патувам за Прага на средбата со европските лидери.

повеќе

Камбаните бијат поради нашата некадарна дипломатија, која е професионално  одговорна за дебаклот со Договорот со Бугарија, а пред тоа за Преспанскиот договор.

повеќе

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе