Оружје, муниција и дрога најдено помеѓу градежен материјал во Дебар

Полициските службеници од дебарското Одделение за внатрешни работи, помеѓу скадран градежен материјал пронашле оружје, муниција и марихуана.

Вчера околу 14 часот, помеѓу складиран градежен материјал на улицата „Црн Дрим" во Дебар, по претходна пријава, полициските службеници пронајдоа една автоматска пушка, една рамка за автоматска пушка со 30 куршуми, една рамка за пиштол со 15 куршуми и една ќеса со марихуана, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Додаде дека предметите се одземени и обезбедени за натамошна постапка и оти се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе