Опожарена трска во близина на струшко Калишта

Околу 400 метри езерска трска е опожарена во вчерашниот пожар, долж Охридското крајбрежје, во близина на струшкото село Калишта. СВР Охрид денеска информира, дека во 12 часот и 45 минути во Полициската станица во Струга бил пријавен пожар на трска кај месноста „Калишко поле“, на брегот на Охридското Езеро

„Од извршениот увид, констатирано е дека опожарена е езерска трска во должина од околу 400 метри и ширина од околу 40 метри, а со интервенција на Територијалната противпожарна единица, спречено е неговото натамошното ширење“, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Полицијата, нагласи тој, презема мерки за расчистување на настанот.

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе