Одземени два мотоцикли, казнa заработи 361 возач за брзо возење

Сообраќајната полиција синоќа организираше акција за контрола на мотоциклисти, при што одзеде два мотоцикли кои создавале бучава. Со радарска контрола пак, во текот на вчерашниот ден за брзо возење казнети се 361 возач.

МВР соопшти дека во периодот од 19 часот па до полноќ била спроведена засилена контрола со акцент ставен на мотоциклисти, при што санкционирани се 114 возачи. Од нив, 78 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 19 возеле без возачка дозвола, два мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци, велат од министерството.

Во засилена радарска контрола на територијата на Македонија за брзо возење казнети се 361 возач. Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 199 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 162 надвор од населено место, велат од МВР.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе