Од 161 казна во Скопје 30 се за брзо возење

Во рамките на засилените сообраќајни контроли во Скопје полицијата изрече вкупно 161 мерка, меѓу кои 30 се за возење повеќе од дозволената брзина, шест за возење под дејство на алкохол, а 15 за возење без возачка дозвола.

Исто така изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила, девет за непочитување на првенство на минување, пет за прекршоци што ги чинат пешаците, како и 48 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, а МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

 

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе