Исто така, изречени се две мерки за прекршоци што ги чинат пешаците, две за возење под дејство на алкохол, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест за користење на мобилен телефон, четири за прекршоци што ги чинат возачите на моторцикли и 33 за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.