Обвинети седум лица од Велес за непочитување на полицскиот час

Основното јавно обвинителство Велес поднесе предлози за издавање казнен налог за седум лица, за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи во време на епидемија", информираат од ОЈО Велес.

„Обвинетите не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена со цел да се спречи ширењето на коронавирусот“, соопштија од обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител на Основниот суд Велес му предложи на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 40 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе