Обвинение против 6 лица за фалсификувани потврди за негативен ПЦР-тест

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против петмина македонски и еден турски државјанин за кривично дело фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик.

„Според обвинителните предлози поднесени од Основното јавно обвинителство Скопје, обвинетите го сториле делото при обид да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија, кога на пасошката контрола на Меѓународниот аеродром Скопје прикажале лажни потврди за негативни ПЦР-тестови за ковид-19 вирусот. Иако воопшто не се тестирале во наведените лаборатории во Скопје и знаеле дека потврдите се лажни, тие ги прикажале сертификатите како вистински пред овластените службени лица“, се вели во соопштението од ОЈО.

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе