Нуркачи го пронајдоа телото на момчето кое се удави во Беровско Езеро
Пронајдено е телото на 14-годишното момче кое вчера се удави во Беровско Езеро, потврди портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова и информираше дека нуркачите го извадиле телото на момчето од Беровско Езеро утрово во 8:50 часот.
Телото, како што додаде портпаролката, е предадено на обдукција во судска медицина во Скопје.