Носел половина килограм марихуна па заврши во притвор, Обвинителството отвори истрага

По завчерашниот претрес на возило на велешанец на патарината „Сопот“, кога полицијага соопшти дека пронашла 1 килограм марихуана, велешкото Јавно обвинителство отвори истрага, а судот определи мерка притвор. Во соопштението на Обвинителството се вели дека станува збор за 489,4 грама марихуана.

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 38 години за кое постои основано сомнение за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

„На 14 септември, осомничениот неовластено набавил 489,4 грама наркотична дрога марихуана од две засега непознати лица од Скопје. За дрогата платил 80.000 денари и ја ставил во својот автомобил спакувана во ќеса, по што се упатил кон Велес. На наплатната станица Сопот полициски службеници извршиле проверка на возилото и ја пронашле дрогата. 
Бидејќи оцени дека се исполнети законските основи – опасност од бегство можност за влијание во постапката и можност за повторување на постапката, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена“, се вели во соопштението.

 

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе