Неофицијално - во Арачиново полицајци избркани од вооружена група

Извори на МКД.мк тврдат дека вчера во Арачиново полицајци сопреле возило управувано од лице без никакви валидни документи. Лицето, кoe инаку бил  син на полицаец, упатило навреди кон полициските службеници, по што побегнало од местото на настанот. Веднаш потоа се појавила вооружена група. Од МВР засега не одговараат на прашањата на МКД.мк за потврда или демант на овој инцидент.

Според нашиот извор, вооружената група ги присилила полицајците да го напуштат пунктот, а потоа и да се повлечат кон полициската станица во Гази Баба.

Пред неколку дена медиумите јавија како син на функционер во МВР во Сарај успеал со возило со недозволени флешери да избега од полициска патрола. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека се работело за сосема невистинити инфромации.

А.Д.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе