Неколку тепачки во скопско

На 15.12.2020 во 22.30 часот било пријавено дека на подрачјето на Драчево, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.К.(29) и С.С.(19), двајцата од Скопје. Сочинети записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

„На 15.12.2020 во 10.30 часот било пријавено дека во скопското село Јурумлери, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Б.(32) и Ќ.Б.(56), од една страна и Е.Ш.(22), С.Ш.(42) и Џ.Ш.(45) од друга страна. Сочинети записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 15.12.2020 во 13.30 часот, Ќ.И.(47) од Скопје пријавил дека на 14.12.2020 околу 20.20 часот во с.Арачиново, скопско, по претходна расправија, бил физички нападнат од едно лице од с.Арачиново. Се работи на расчистување на случајот“, информираат од МВР.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе