Центар за управување со кризи

Најдени се двете лица кои се изгубија во близина на Неолица

Вечерва во 20.05 часот, Тимот на Горската служба ги пронајде двете изгубени лица и истите безбедно се донесени во Битола. Лицата се безбедни, без повреди и се малку исплашени, соопштуваат од Центарот за управување со кризи. 

Претходно ЦУК информираше денес во поладневните часови две лица се изгубени во близина на Неолица (најблизок рид до Битола од планината Баба-Пелистер). Лицата телефонски пријавиле во СВР Битола дека се дезориентирани во просторот и залутале далеку од пешачката патека. СВР Битола го известува Центарот за управување со кризи, а од страна на РЦУК Битола известени се Горска служба од Битола и ДЗС Битола.

Тимови за потрага и спасување беа  излезени на терен, воспоставен беше телефонски контакт со изгубените лица и добиени се информации за нивно последно движење како претпоставена локација, но за жал батериите и на двата телефонски апарати им беа комплетно испразнети, а последната комуникација на службите за потрага на терен со лицата е објавена пред 30 минути.

Без разлика на неможноста за контакт и комуникација со изгубените лица, службите беа во потрага на терен и ги најдоа изгубените лица. 

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе