Приведени се три лица

На „Тик ток“ лажни закани за терористички напад на трговски центар во Скопје

Три лица биле приведени поради објава на два видео-клипа на платформата „Тик ток" во кои има лажни закани за можен терористички напад на еден трговски центар во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Откако биле објавени видеата во акцијата се вклучиле повеќе сектори во МВР, како тој за борба против тероризам и секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, но и Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

Трите лица, од кои двајца се татко и син, биле лоцирани, а од јавен обвинител е добиена насока да се направи претрес во нивните домови.

Едно од лицата е 26-годишно момче од селото Студеничани додека таткото и 22-годишниот син се од Скопје. Во домот на таткото и синот биле пронајдени уредите преку кои тие ги објавиле лажните видеа, а синот во разговор со полицијата признал дека тој ги изработил и објавил.

Од МВР најавуваат дека ќе поднесат и кривични пријави против тројцата приведени.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе