На Табановце санкционирани превозници без соодветна документација

Во изминатите три дена при контрола на граничниот премин Табановце полициски службеници утврдиле дека превозниците на патници немале документација за вршење на јавен превоз за два автобуси и пет патнички возила. Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата, стои во соопштението од МВР.

При контрола на автобус со гостиварски регистарски ознаки, управуван од А.С.(45) од Струга и Р.Ш.(68) од с.Долна Бањица, гостиварско и автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.Б.(37) од с.Јанче, општина Маврово и Ростуше, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација, велат од МВР.

Исто така, при контрола во патничко возило „рено" со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.С.(50) од Куманово, патничко возило „пежо" со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(42) од општина Липково, патничко возило „фолксваген пасат" со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(38) од с.Ропаљце, општина Липково, патничко возило „пежо" со струмички регистарски ознаки, управувано од С.А.(29) од с.Мокриево, општина Ново Село и патничко возило „форд галакси" со бугарска национална ознака, управувано од Д.Л.(30) од Свети Николе, било констатирано дека вршат меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација.

При контрола во три патнички возила, двете со струмички регистарски ознаки, управувани од Ж.Ј.(37) од Струмица и од А.В.(31) од с.Василево, струмичко, и едното со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.Т.(29) од Радовиш било констатирано дека имале поголема количина на багаж од предвидената.

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе