МВР за насилството

На разговор повикани лица за случајот со тепањето на ученикот во училиште во Бутел

Министерството за внатрешни работи постапува по случај со насилство врз ученик објавено преку видео на социјалните мрежи. Директорка во основно училиште во скопската населба Бутел, денеска околу 15.45 часот во Полициската станица Чаир поднесе писмено известување во врска со видеото од социјалната мрежа „Тик-Ток", велат од МВР. 

Од таму додаваат дека МВР презема мерки за негово расчистување, а уште во текот на денешниот ден на разговор се повикани лицата инволвирани во случајот. За истиот случај е известен и јавен обвинител.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе