Полициска хроника

На неколку места при претреси на возила и лица пронајдена дрога

МВР информира дека полицијата во Скопје сопрела „пежо“ со прилепски таблички, а во возилото била најдена марихуана. Дрога е пронајдена и при претрес на неколку лица на други места во главниот град.

Вчера попладнето на булеварот „Словенија" во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција сопрено е патничко моторно возило „пежо" со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Р (23), а како сопатници Х.Ч (17) од Скопје и Д.Д (20) од Прилеп.

При преглед во возилото пронајдена е марихуана и лицата се приведени. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска, два часа по полноќ пак, пред ноќен клуб во Скопје, од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција од слобода е лишен Б.Т (24) од Скопје кај кого е пронајдена и одземена бела прашкаста материја и една дробилка со марихуана. Против Б.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава по документирање на случајот.

Педесет минути по полноќ на булеварот ,,8 Септември" во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција од слобода е лишен Ж.Ј (21) од Скопје кај кого при преглед е пронајдена марихуана.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе