Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР и Единицата за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при СВР Скопје извршиле контрола и ги лишиле од слобода М.М.(22) и Б.Ш.(23), двајцата од Кавадарци, С.Б.(18), К.Г.(19), А.С.(24) и А.С.(18), сите од Скопје, Д.А.(22) од Штип и Е.Ј.(40) од Радовиш.
При преглед кај лицата, соопштија денеска од МВР, била пронајдена и одземена марихуана.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.