На Ќафасан уапсен македонски државјанин баран со потерница

Македонски државјанин баран со меѓународна потерница издадена од хрватските власти е уапсен на граничниот премин Ќафасан на албанско – македонската граница кај Струга.

Граничната полиција, како резултат на засилените контроли и благодарение на соработката со Интерпол Тирана, идентификува и уапси, со цел екстрадиција, македонски државјанин со висок општествен ризик, баран со меѓународна потерница од хрватските правосудни органи, стои во соопштението од албанската полиција.

Се наведува дека е приведен Тони Јашари (35) од Гостивар кој на 26 август 2015 е осуден на 10 години затвор за кривични дела „структурирана криминална група" и „производство и продажба на наркотици",но успел да ја напушти Хрватска во 2018 година.

Јашари е уапсен при контрола на документите за влез на албанска територија.

За понатамошно дејствување надлежен е судот во Подградец, кој ќе ја ин

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе