На Блаце приведен Косовец, се обидел да поткупи полицаец

На граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата кон Косово, полициски службеници го привеле косовскиот државјанин С.Ј.(56), кој се обидел да поткупи полициски службеник.

С.Ј. бил со патничко возило комби „фолксваген“, со косовски национални ознаки, а при проверка на возилото, во него била пронајдена поголема количина на роба која ја превезувал, а за која не поседувал никаква документација. Притоа, тој му понудил на полицискиот службеник да го почести, ставајќи му пари во својата косовска патна исправа.
По ова С.Ј. бил приведен, а по документирање на случајот од страна на Одделението за прекуграничен криминал и миграции при Регионален центар за гранични работи Север против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

 

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе