Како што соопшти полицијата, при контролата приведени се две лица поради агресивно однесување кон полициски службеници кои вршеле службени дејства, констатирани се три кривични дела по поради точење алкохол на малолетни лица, а шест малолетни лица се затекнати по полноќ во угостителски објекти.
За време на акциската контрола, исто така, констатирани се 70 сообраќајни прекршоци, а едно возило кое вршело јавен превоз е исклучено од сообраќај, се додава во соопштението на МВР.