МВР: Во Скопје казни за 286 возачи, од нив 150 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден, во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот изрече вкупно 286 казни на територијата на град Скопје.

Од вкупниот број казни најмногу се за пречекорување на дозволената брзина на движење-150, за возење без возачка дозвола казнети се 13 лица, за нерегистрирани возила 14, казнети се и 11 мотоциклисти, како и 53 за непрописно паркирање, а изречени се и 44 казни за неносење на заштитна маска.

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи заради зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе