При контролата, МВР констатирало две кривични дела за возење без лиценца и 65 сообраќајни прекршоци. Од нив осум за возење без возачка дозвола, еден за неносење сигурносен појас.
Освен овие, полицијата упати уште 18 други возила што вршат јавен превоз на вонреден технички преглед.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.