Како што информира оттаму, во акцијата, што била спроведена во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територијата на Македонија на вонреден технички преглед упатени се 14 возила.
Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови.
Апелираат до сите за почитување на сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за поголема безбедноста на децата.