Моторџии на возраст од 12 и 19 години се судрија и тешко се повредија

Две момчиња на возраст од 12 и 19 години се повредени откако со мотори се судриле на регионалниот пат Радовиш-Конче. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Радовиш.

Вчера во 18.10 часот на регионален пат Радовиш-Конче на место викано „Семеница" се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „јамаха" со штипски регистарски ознаки, управуван од 12 годишен малолетник од с.Конче, радовишко и моторцикл„ктм-520" без регистарски ознаки управуван од Б.И.(19) од с.Конче.

По незгодата со возило на итна медицинска помош возачите и сопатникот на првиот моторцикл- 15 годишен малолетник од с.Конче биле пренесени во Клинички центар Штип каде од доктор на возачите им биле констатирани тешки телесни повреди. 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе