Моторциклист тешко повреден во сообраќајка пред Собрание

Дваесет и деветгодишен мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила во центарот на Скопје. Според информациите од МВР, несреќата се случила околу 21:45 часот на крстосница од ул. 11 Октомври, ул. Даме Груев и ул. Филип Втори Македонски.

Во несреќата учествувале мотоцикл „хонда" со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(29) од Скопје и автомобил „фиат браво" со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М. од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза".

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе