Во МВР било пријавено дека на ул. „Рузвелтова" се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фиат пунто" со скопски регистарски ознаки и мотоцикл со скопски регистарски ознаки.
Со повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември" за укажување лекарска помош.