Мотоциклист повреден во сообраќајка на „Рузвелтова“

Во сообраќајка што се случила утрово околу 09.50 часот на ул. „Рузвелтова" во Скопје, според првичните информации, со повреди се здобил мотоциклист, кој бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември" за укажување лекарска помош. На местото на сообраќајката се врши увид. 

Во МВР било пријавено дека на ул. „Рузвелтова" се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фиат пунто" со скопски регистарски ознаки и мотоцикл со скопски регистарски ознаки.

Со повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември" за укажување лекарска помош.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе