„На 08.11.2020 во 22.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници го лишиле од слобода С.С.(21) од с.Кондово, скопско, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
При извршен преглед кај него бил пронајден нож. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информираат од МВР.