Како што изјавил д-р Благој Митев, хирург на хируршкото одделение при кавадаречката болница, ноќеска после полноќ било донесено момче родено 1994 година.
„Момчето имаше две убодни рани од нож во пределот на лев рамен појас и во пределот на градниот кош, позади, под коската која народски се вика лопатка. Убодните рани беа со ширина од 2.5-3 сантиметри и длабочина од 4-5 сантиметри. Му дадовме прва помош и заради подетално согледување на состојбата го препративме на Клиниката за торакална хирургија во Скопје“, изјавил Митев.
Од МВР потврдиле дека две лица се повикани на разговор во врска со повредениот кавадарчанец.
„Рано изутринава, во 00.10 часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на крстосница од улицата ‘Браќа Џунови‘ и ‘7 Септември‘ во Кавадарци, кај фонтаната, имало повредено лице со убодни рани. По извршени проверки е констатирано дека станува збор за К.М. (28) од Кавадарци“, рекоа од МВР.
Се работи на расчистување на случајот.