Млада жена тешко повредена во сообраќајка во Тетово, откако во неа удрил автомобил

Во сообраќајка во Тетово, тешко повредена е 32-годишна жена, која е однесена на клиниките во Скопје поради сериозноста на здравствената состојба. Сообраќајната несреќа се случила околу 17 часот и 15 минути на булеварот „Маршал Тито".

„Во СВР Тетово пријавено е дека на улица „Маршал Тито" во Тетово, патничко моторно возило „пежо 607" со гостиварски регистарски ознаки управувано од 47-годишниот А. Р. од гостиварско Беловиште удрило во 32-годишната К. Ѓ. (пешак) од тетовско Подбреѓе. Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница,“ информираат од СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Тетово.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе