Местејќи мрежа паднал во Вардар и се удавил

Маж од гевгелиско Миравци, се удавил во Вардар. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од Полициската станица Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

„На 10.08.2020 во 15.40 часот било пријавено дека во близина на с.Миравци, гевгелиско, на место викано „Три тополи", додека В.М.(19) и В.Ѓ.(56), двајцата од с.Миравци, местеле мрежи во р.Вардар, В.Ѓ. паднал во водите на реката и потонал.

Во 19.15 часот тој бил понајден и извлечен од реката. 

Од страна на лекар од Итната медицинска помош Гевгелија била констатирана смрт", соопштуваат од полицијата. 

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе