Маж од Лозово превезувал шест мигранти во италијанско „волво“

На регионален пат Удово - Демир Капија, во близина на селото Градец, полицајци од полициската станица за граничен надзор „Богородица" го лишиле од слобода М.А.(23) од Лозово откако бил забележан како со возило „волво", со италијански национални ознаки, превезува лица мигранти. Возилото било запрено, а тој се обидел да избега, но бил фатен.

Притоа, во возилото биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија, кои биле спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка. М.А. бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе