Во Полициската станица Аеродром, вчера во 22:20 часот, Љ.Т.(73) од Скопје пријавила дека на булевар „Јане Сандански" била касната од куче скитник, соопштија од полицијата.
Уште еден случај е пријавен вчера во 11:30 часот во Полициското одделение Шуто Оризар. С.А.(32) од Скопје пријавила дека на улица „Нов Живот" нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.