Во Шуто Оризари и Аеродром

Малолетно девојче и повозрасна жена каснати од улични кучиња

Две пријави за граѓани каснати од улични кучиња регистрирала полицијата. Во еден случај во Аеродром настрада повозрасна жена, а во вториот случај малолетно девојче во Шуто Оризари.

Во Полициската станица Аеродром, вчера во 22:20 часот, Љ.Т.(73) од Скопје пријавила дека на булевар „Јане Сандански" била касната од куче скитник, соопштија од полицијата.

Уште еден случај е пријавен вчера во 11:30 часот во Полициското одделение Шуто Оризар. С.А.(32) од Скопје пријавила дека на улица „Нов Живот" нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе