Малолетник тешко повреден, паднал од мотоцикл каде бил совозач

Малолетник од село Новак, општина Центар Жупа е тешко повреден откако паднал од мотоцикл, што го управувал негов соселанец, кој се здобил со полесни повреди.

„Во дебарското одделение за внатрешни работи, кое со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа пријавено е дека во селото Новак, општина Центар Жупа, О.А.(22) од истото село, управувајќи мотоцикл марка „Јонвеи", без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот, заедно со неговиот малолетен сопатник“, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.

Тој додаде дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишниот сопатник од истото село, а мотоциклистот О.А. се здобил со телесни повреди констатирани во Општата болница во Дебар.

Од болницата потврдуваат дека повредените се вон животна опасност.

И покрај апелите за почитување на сообраќајните правила и прописи и засилените акциски контроли кон возачи на велосипед со мотор, мопеди и мотоцикли, сепак голем е бројот на лицата кои возат со поголема брзина од дозволената, без задолжително носење кацига, а уште побројни се оние кои возат без возачка дозвола.

„Само пред два дена полициските службеници регистрираа и санкционираа седум прекршоци сторени од овие возачи, најчесто управување без заштитна кацига, без возачка дозвола и нерегистрирани мотор, мопеди и мотоцикли“, вели Димоски, повторувајќи го апелот.

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе