Малолетник признал дека лажно пријавил бомби во четири скопски училишта, полицијата му поднесе кривична пријава за тероризам

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам (СБПТНЕР ) при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК ) при Министерството за внатрешни работи (МВР) до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) поднесе кривична пријава против малолетник од Скопје, за сторено кривично дело „тероризам". Малолетникот се сомничи дека на 4 ноември годинава лажно пријавил дека во четири средни скопски училишта била поставена бомба.

Според МВР, пријавениот малолетник инспириран од претходни објави за поставени бомби во неколку средни училиштата на територијата на Град Скопје, во перод од 26.10.2022 до 02.11.2022 година, на социјалните мрежи забележал дека пораките биле испратени преку конкретен провајдер, кој нуди криптирање и заштита на комуникацијата, при што на 04.11.2022, од неговиот персонален компјутер, пристапувајќи на интернет мрежата на еден телекомуникациски оператор, креирал електронска адресата на конкретниот провајдер, преку која напишал заканувачка порака за поставени експлозиви во четири средни училишта.

„Истиот ден, користејќи посебна апликација, преку неговиот мобилен телефон се поврзал на неговиот персонален компјутер и во 14.09 часот, од претходно креираната електронска адреса на службените електронски адреси на четирите средни училишта во Скопје, ја испратил пораката со заканувачка содржина. Од страна на МВР е извршена антитерористичка проверка на сите училишта кои што ја добиле порака, при што не се пронајдени експлозивни направи. Со цел обезбедување на докази, од страна на СБПТНЕР е утврдено дека електронската адреса на пријавениот малолетник била креирана на 04.11.2022 година во 11.17 часот од IP адреса, за која од страна на телекомуникациски оператор се доставени податоци дека сопственик е 43 годишна скопјанка, мајка на пријавениот маллетник“, информираат од МВР.

Од МВР велат дека врз основа на издадени наредба од Судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје, на 07.11.2022 година е извршен претрес на домот и други простории каде што живее мајката на малолетникот при што се одземени десктоп компјутер, еден мобилен телефон и СИМ картичка, кои ги користел малолетникот.

Оттаму додаваат дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика извршил преглед во електронските уреди кои ги користел малолетникот, при што е утврдено дека на 04.11.2022 година преку интернет пребарувач било пристапено на конкретниот сервис провајдер, а врз основа на наредби од ОЈО за ГОКК извршено е вештачење на електронскиот доказен материјал, при што е утврдено дека пријавениот платил за закупување на пакет од провајдерот за користење на безбедна електронска пошта.

На 07.11.2022 во полициската станица Карпош, во присуство на родител, инспектор за малолетници и семејно насилство од СВР Скопје и адвокат, извршен е разговор со пријавениот малолетник, при што тој го признал делото и појаснил како го направил тоа.

 

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе