Македонски државјанин во притвор во Софија за шверц на мигранти

По барање на Окружното обвинителство во Софија, судот го задржа во притвор македонски државјанин кој се сомничи дека илегално им помагал на странци да влезат во земјата, соопшти прес-центарот на Окружното обвинителство на Софија.

Македонскиот државјанин Б.Д. кривично се гони затоа што на 25.11.2022 година околу 07:45 часот на бул.Цариградско Шоше во Софија, за да прибави имотна корист за себе незаконски им помогнал на 15 авганистански државјани илегално да престојуваат и минуваат низ Бугарија, со тоа што ги превезувал со автомобил Фолксваген. Поведена е предистражна постапка за сторено кривично дело и му е одредена мерка притвор во траење до 72 часа.

Софискиот окружен суд ги прифатил аргументите на Обвинителството дека обвинетиот може да побегне и пресудил против Б.Д. најтешка мерка за обзбедување на присуство, односно притвор. 

Против мерката притвор може да биде поднесена жалба пред Градскиот суд во Софија.

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе