Македонски државјани им помагале на косовски граѓани преку Драч нелегално да заминат за Италија

Македонски државјани зачестија како „гарант" за косовски граѓани во обидите илегално или со фалсификувани документи преку Драч да заминат за Италија, а потоа во некоја западно европска земја.

„Полицијата во Драч денеска информира дека уапсила двајца жители на Скопје, откако биле фатени од службите на граничната полиција како им помагаат на двајца државјани од Косово илегално да ја преминат границата. По завршувањето на дејствијата против четирите лица поведена е кривична постапка,“ јави Ора њуз.

Според полицијата, исто така денеска, во друг случај, 43-годишен маж од Скопје е фатен како со фалсификувани документи им помага на пет граѓани да ја преминат границата.

„Се чини дека пристаништето Драч се претвори во транзитна точка за косовските граѓани да одат во земјите на ЕУ. Полицијата секојдневно информира за апсења на државјани од Косово или од Северна Македонија кои се обидуваат илегално да заминат или даваат „помош за илегално преминување на границата",“ наведува телевизијата.

Појавата е зачестена од средината на минатиот месец кога е зголемена фреквенцијата на патници, иселеници и туристи.

Само утрово преку пристаништето Драч влегле околу 4300 лица, додека во неделата нивниот број се искачи на 10 илјади, главно иселеници од Албанија, како и од Македонија и Косово, кои летните одмори ги минуваат во родниот крај. 

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе