Лажно се претставил дека е од кабелска телевизија и нападнал жена

Триесет и тригодишна жена со иницијали З.М. од Куманово пријавила во полицијата дека била нападната во нејзиниот дом од едно лице. Според пријавеното, лицето се претставило дека е од кабелска телевизија и побарало да наплати сметки, а кога влегла да побара пари, тој ја нападнал.

Како што е пријавено, за неколку минути дошол нејзиниот сопруг и почнале физичка пресметка со лицето, кое потоа се дало во бегство и при тоа му испаднал пиштол.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово, а пиштолот бил подигнат за вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе