Кумановец прегазил полицаец па побегнал

Во Куманово, на бул.„Октомвриска револуција“, на 26.06.2020 околу 20:00 часот од страна на полициски службеници на возач на моторцикл му бил даден знак да застане, но тој не застанал, туку продолжил да се движи во правец кон полициските службеници и со моторциклот удрил еден од нив во пределот на ногата. 

„Потоа, изгубил контрола и паднал, по што се дал во бегство. По преземени мерки моторциклистот бил пронајден и приведен во полициска станица. Неговиот идентитет бил утврден и станува збор за Н.С.(28) од Куманово. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок“, информираат од МВР.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе