Кривична за раководител на шумско стопанство од Кичево

Кривична пријава против З.К.(63) од Кичево, ОВР Кичево поднесе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување".

Тој, на 29.04.2021, во својство на раководител на Шумското стопанство „Лопушник" од Кичево, незаконски склучил писмена спогодба со правно лице, кое без финансиски надомест требало да изврши отстранување на дрва од обележани траси кај месноста „Прострање Белица". Од проверките извршени од Одделението за внатрешна ревизија на Јавното претпријатие „Национални шуми" било констатирано дека за склучената спогодба не било дадено овластување од директорот на ЈП„Национални шуми".

Со тоа пријавениот овозможил да биде исечено буково огревно дрво во вкупна маса од 332,5 метри кубни при што е причинета материјална штета од 2.327.500 денари, информираат од МВР.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе