Кривични пријави за вршење транспорт без лиценца

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава  против С.Н. (50) од Гостивар поради сомневање за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца".

Пријавената, на 20 јануари кај Здуњска крстосница во Гостивар, во својство на сопственик на фирма за такси превоз, без да поседува соодветна документација од надлежните институции, пуштила такси возило кое вршело јавен превоз на луѓе на подрачјето на општина Гостивар, констатирано при извршена проверка од полициски службеници.

И СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Долно Лакочереј, против сопствениците и управителите И.В. и М.В. како и против Н.Ј., возач во правното лице, поради сомневање за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца".

На 8 мај при контрола полицијата на улицата „Питу Гули" во Охрид сопрела автобус со охридски регистарски ознаки, сопственост на правното лице, управуван од пријавениот Н.Ј. Притоа, констатирале дека тој нема лиценца за вршење јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај, издадена од надлежен државен орган.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе