МВР

Кривична пријава за поранешен директор на Музејот на албанската азбука

Поранешен директор на Музејот на албанска азбука во Битола во периодот од 2015 до 2020 година ги злоупотреубал јавните набавки со што го оштетил буџетот за над 67.000 евра. Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава.

Во соопштението на МВР се вели:

„Денеска, СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против А.Н(37) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување" по член 353 од Кривичниот законик.

Во својство на службено лице, директор на Националната установа - Музеј на албанската азбука во Битола, во периодот од 2015 до 2020 година во повеќе наврати постапил спротивно на Закон за јавни набавки и Закон за музеите и на повеќе физички лица им овозможил незаконски да се стекнат со имотна корист, а со тоа го оштетил буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 4.128.551 денари.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе