На 21.11.2021 во 10.50 часот на граничен премин „ Табановце”, пријавениот при вршење на пасошка контрола одобрил влез на лице кое не поседувало валиден ПЦР тест или сертификат за вакцинација, при што истиот постапил спротивно на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од ковид-19.
Против полицискиот службеник изречена е и мерка отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.