Кривична пријава за полицаец од „Табановце”, пропуштил лице без ковид-документ

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава до Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања против А.Б. вработен како полицаец во полициска станица за гранични работи „Табановце”, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”. 

На 21.11.2021 во 10.50 часот на граничен премин „ Табановце”, пријавениот при вршење на пасошка контрола одобрил влез на лице кое не поседувало валиден ПЦР тест или сертификат за вакцинација, при што истиот постапил спротивно на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од ковид-19. 

Против полицискиот службеник изречена е и мерка отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка. 

 

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе