Кривична пријава за недозволена трговија со оружје

СВР Скопје – Единица за недозволена трговија вчера поднела кривична пријава до надлежното скопско Основно јавно обвинителство против Б.Ј. (44), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи", соопшти Министертвото за внатрешни работи.

Имено, на 24.01.2022 од страна на полициски службеници од СВР Скопје – Одделение за криминалистички работи во содејство со полициски службеници од Полициската станица Аеродром, врз основа на судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, бил извршен претрес на дом и други простории кај Б.Ј. на подрачјето на Аеродром, при што биле пронајдени еден пиштол „Ceska Zbrojovka75" кал.9mm, две рамки и 12 куршуми, од кои 11 со кал. 9mm и еден куршум со кал.7,62х25мм за кои не поседувал дозвола, посочуваат од МВР.

Пријавениот бил лишен од слобода, а против него е поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе