Кривична пријава за инспектор кој лажно приватизирал земјиште во Маврови Анови

МВР соопшти дека е поднесена кривична пријава против градежен инспектор кој подготвил лажен извод од план на населбата Маврови Анови, на тој начин ги измамил гостиварските надлежни органи и потоа без надомест на свое име приватизирал земјиште во населбата.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Џ.Ќ.(57) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба", „фалсификување исправа" и „фалсификување или уништување деловни книги", соопшти МВР.

„Во текот на октомври 2014, пријавениот, овластен градежен инспектор во општина Маврово и Ростуше, свесно изработил и потпишал невистинит и фалсификуван извод од план на населба Маврови Анови, по што до Одделение за управна постапка Гостивар поднел барање за приватизација на градежно земјиште, а во прилог го доставил изработениот невистинит извод. Одделението за управна постапка во Гостивар во корист на пријавениот донело решение за приватизација на градежно земјиште стекнато без надомест, кое што потоа пријавениот го прикажал во Агенција за катастар и се стекнал со градежно земјиште со вкупна квадратура од 203 м², имот кој пријавениот го впишал на свое име, заведен во имотен лист. Со ваквите дејствија пријавениот се стекнал со бесправна имотна корист - градежно земјиште со вкупна квадратура од 203 м² или 1.248.450 денари констатирано во извештај за проценка на градежно земјиште“, пишува во соопштението на МВР.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе