Според соопштението на косовското МВР, во два одвоени случаи, во општина Витина, во близина на косовско-македонската граница, биле откриени камиони, и двата со косовски таблички и управувани од косовски државјани, кои ја превезувале стоката за која не поседувале соодветна документација.
Во приколката на камионот фатен во селото Рамијан се пронајдени 57 грла овци, додека во приколката на камионот запрен на регионалниот пат меѓу Витина и месноста Пожоран имало шест телиња.
„Има сомневања дека животните се внесени во Република Косово преку илегални патишта од Република Северна Македонија. Случаите се во процес на истрага од страна на пограничната полиција, во соработка со соодветното обвинителство, инспекторите на Агенцијата за ветеринарство и храна и Царините на Косово”, се вели во соопштението од полицијата.