Контролирани 38 возила за јавен превоз во Тетово, кај 5 утврдени прекршоци

Тетовската полиција информира дека утринава од од 06.00 до 10.00 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола со која биле опфатени вкупно 38 возила кои вршат јавен превоз на патници, најмногу автобуси, комбиња и такси комбиња. При контролата биле откриени и адекватно санкционирани се пет прекршоци на гостиварското подрачје за технички и други недостатоци.

„Две возила биле со неисправни сопирачки, исто толку немале извршено технички преглед, а едно имало истечена регистрација. На прекршителите изготвени им се соодветни поднесоци, а три возила веднаш се исклучени од сообраќај. При контролата, исто така, санкционирани биле и три други видови сообраќајни прекршоци, од кои 1 возило без потребните документи за вршење на јавен превоз. Целта е навреме да се откријат и отстранат од сообраќај технички неисправните возила и да се обезбеди непречено и безбедно превезување на патниците“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Портпаролот најави дека ваквите контроли ќе продолжат и во наредниот период и посебно пред и со почетокот на новата учебна година, зашто од и кон Тетово и Гостивар секојдневно ќе се превезуваат и голем број ученици од основните и средните училишта на подрачјето.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе